АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА

Кога се зборува за воспалено уво воглавно се мисли на акутно воспаление на средно уво. Акутно воспаление на средно уво е честа инфекција кај деца и доенчиња особено во зимскиот период.

 

Воспалението на увото ретко кога е изолирана болест. Најчесто се јавува во склоп на респираторните инфекции на носот и грлото,бидејќи воспалението од носот продира преку Евстахиевата туба во средното уво.Најчесто станува збор за суво воспаление без секрет но не ретко има и присуство на секрет во средното уво. Кај деца воспалението на увото е почесто заради карактеристичната анатомска структура (кратка и широка Евсахиева туба), незрелост на имунолошкиот систем како и хипертрофија на лимфатичните ткива (трет крајник и палатинални тонзили).

 

Симптоми и поставување дијагноза

Најчест симптом за воспалено уво е БОЛКА во уво, отежнато дишење на нос со или без секреција од нос. Понекогаш со покачена телесна температура. При поставување на дијагноза се започнува со разговор со родителите,кои најчесто даваат анамнестички податок дека детето било настинато неколку дена претходно,дека му течел носот и се пробудило со болка во едното или двете уши. За да се постави точна дијагноза потребно е да се направи клинички преглед. Се прави отоскопски преглед кој е тотално безболен и се визуелизира каналот и мембраната. Доколку во каналот има ушна маст таа внимателно се отстранува за да може да се види мембраната. Ако се работи само за блага хиперемија на мембранта со серозен секрет во носот најверојатно станува збор за вирусно воспаление. Но силната хиперемија на мембраната заедно со погуст секрет во носот асоцира со бактериска инфекција. Освен преглед на ушите се прави и преглед на носот на назофаринксот со фиберендоскопија и преглед на грлото со шпатула. 

 

Лекување

Лекувањето на вирусното воспаление воглавно е симптоматско. За снижување на температурата и ублажувањето на болката се препорачува давање на антипиретик/аналгетик. За одзатнување на носот се даваат деконгестивни капки или спреј за нос со времетраење од 5 до 7 дена. За тоалета на нос се користи физиолошки раствор или спреј со солена вода .Во каналчето на увото се ставаат капки од мешавина на антбиотик и кортико или само антибиотски капки за локална употреба.

 

Во случај на силно хиперемична мембрана се ординира антибиотска терапија пер ос или парентерално. Понекогаш поради присуство на гнојна колекција позади мембраната таа е црвена и избочена или може да се случи да дојде до спонтана перфорација на мембраната и да се излее гнојната содржина во каналчето. Потребно е доколку докторот е во можност пред ординирањето на антибиотската терапија да се земе брис од нос и грло и брис од увото доколку има секреција.

 

Изборот на антибиотската терапија зависи од клиничката слика,возраста на детето и од предизвикувачот и неговата сензитивност односно резистенција кон антбиотикот. Најчести предизвикувачи на бактериската инфекција се :Streptococcus pneumoniaeHaemophilus influenzae i Moraxella catarrhalis. Amoksicilin, amoksicilin со klavulonska kiselina, azitromicin и cefalosporini се лекови од избор при лекувањето на бактериски воспаленија на средното уво.

 

Секако непоходни се деконгестивни какпки или спреј за нос,локална терапија во уво како и аналгетик неколку дена  додека да помине болката.Лекувањето со антибиотикот треба да трае доволно долго 10 дена со одговарачки дози во зависност од телесната тежина на детето.

 

Доколку дојде до компликација од воспалението на средното уво како (mastoiditis) потребно е детето да се хоспитализира(остави во болница) поради парентерална терапија  (лекување со инфузии и инјекции) Се прави и КТ на темпорална коска. Доколку не дојде до подобрување се пристапува кон хируршко лекување. Друга комликација може да биде meningitis што во денешно време навистина е ретко и треба навреме да се дијагностицира и да се лекува.

 

Кај повторувачки воспаленија на ушите потребно е да се направи преглед на третиот крајни со помош на фиберназофарингоскопија. Да се направи аудиометрија (доколку детето е над 5 години) и тимпанометрија за да се најде причината  и ссодветно на тоа да се препорача адекватно  лекување конзервативно или оперативно. Во поново време се почесто се прават и алерголошки тестови во барањето на причината за честите воспаленија на ушите.

 

Најчеста последица од честите повторувачки воспаленија на средното уво е намалениот слух(наглувост). Ако резултатите од аудиометријата покажуваат на кондуктивна редукција на слух а тиманометријата тимпанометриска крива тип Б тогаш се препорачува миринготомија со поставување на вентилациони цевчиња во уво понекогаш заедно со аденоидектомија односно отстранување на третиот крајник доколку е изразито хипертрофичен.

 

Многу е важна и превенцијата на воспаленијата на ушите. Последните епидемиолошки студии укажуваат дека воспаленијата се поретки кај деца кои се доени. Исто така се достапни и вакцини против Streptococcus pneumoniae.


 

Д-р. Маринела  Малинова

Специјалист  Оториноларинголог

<a href="https://pzudrmalinova.mk/en/2021/11/05/%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b8%d0%bf-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0/" title="Настинка, Грип или Алергија?" rel="bookmark" target="_blank">Настинка, Грип или Алергија?

Симптоми Настинка Грип Алергија Covid-19 Температура Ретко, до 38,5°c Често, помеѓу 38 i 39 °c, понекогаш и повеќе кај малите деца Не Често Главоболка Ретко Често Не Често Болки во мускули Нема или благи Често, јаки Не Понекогаш Умор,слабост Понекогаш Често И Трае 2-3 Недели Не Да Јака физичка исцрпеност Никогаш Често На Почетокот На… Continue reading Настинка, Грип или Алергија?
MORE INFO

<a href="https://pzudrmalinova.mk/en/2021/11/04/%d0%b0%d0%ba%d1%83%d1%82%d0%bd%d0%be-%d0%b2%d0%be%d1%81%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be-%d1%83%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%b0%d1%98-%d0%b4%d0%b5/" title="АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА" rel="bookmark" target="_blank">АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА

Кога се зборува за воспалено уво воглавно се мисли на акутно воспаление на средно уво. Акутно воспаление на средно уво е честа инфекција кај деца и доенчиња особено во зимскиот период.   Воспалението на увото ретко кога е изолирана болест. Најчесто се јавува во склоп на респираторните инфекции на носот и грлото,бидејќи воспалението од носот… Continue reading АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА
MORE INFO

<a href="https://pzudrmalinova.mk/en/2021/10/28/%d0%be%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0-2/" title="Otitis Externa (Пливачко уво)" rel="bookmark" target="_blank">Otitis Externa (Пливачко уво)

Во пресрет на летото, плажите и капењето во езерата и морињата Ви препорачувам пред да одите на одмор да го посетите Вашиот оториноларинголог.   Зошто? Затоа што најчестиот здравствен проблем кога ќе одиме на долго очекуваниот одмор е болка и затнатост  на едното или обете  уши  после капење.   Otitis Externa претставува воспаление на meatus… Continue reading Otitis Externa (Пливачко уво)
MORE INFO

<a href="https://pzudrmalinova.mk/en/2021/10/28/%d0%be%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0/" title="Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)" rel="bookmark" target="_blank">Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)

Алергиските   болести се најчестите хронични болести во Европа со тенденција на постојан раст поради што претставуваат важен здравствен и социјален проблем.Се смета дека во најскоро време секој трет човек ќе страда барем од една алергиска болест. Најчеста манифестација на алергиските болести е во облик на: -Алергиски Ринит(зафатеност на слузницата на носот и горните дишни патишта)… Continue reading Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)
MORE INFO