Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)

Алергиските   болести се најчестите хронични болести во Европа со тенденција на постојан раст поради што претставуваат важен здравствен и социјален проблем.Се смета дека во најскоро време секој трет човек ќе страда барем од една алергиска болест. Најчеста манифестација на алергиските болести е во облик на:


-Алергиски Ринит(зафатеност на слузницата на носот и горните дишни патишта)

-Алергиска Атма(зафатеност на долни дишни патишта)

-Егзема (кожна манифестација)


Дефиниција: Алергијата претставува пречувствителност на организмот спрема одредени сензибилизирачки агенси (алергени)кои предизвикуваат во организмот штетни нус појави.


Причини: Мултифактори (Повеќе причини).

1. Хередитет (Наследна компонента) без неа неможе да се  развие алергиска реакција,затоа велиме дека одредени личности се предиспонирани за развој на алергиски манифестации односно имаат атописка конституција.

2. Влијание на надворешната средина(климатски фактори,загаденост на воздухот итн.)

3. Ендокринолошки пореметувања

4. Психички Стресови

5. Неуровегетативна  дистонија и др.


Патогенеза:

Реакција антиген-антитело на ниво на клетка.

Антигените кај алергиите се викаат алергени и предизвикуваат создавање на IgE антитела.

Алергените можат да бидат: инхалациони, нутритивни или контактни.

Предизвикувачи на алергискиот ринит се инхалационите алергени: полен, трева, мувла, микрокрлежи, домашна прашина, крзно од домашни миленици итн. Контактен орган претставува слузницата на носот.Овие алергии можат да  бидат сезонски обично пролетни (Од крај на февруари до крај на јуни) или целогодишни (перинеални) каде симптомите можат да се јават во било кој период од годината и варираат од засилување па до комплетно отсуство на симптоми во некои периоди.


КЛИНИЧКА СЛИКА

За  Алергискиот Ринит карактеристичен е тријасот на симптоми:

1. Назална опструкција (Отежнато дишење на нос) апсолутно константен симптом.

2. Ринореа (обилна, прозирна, водлеста секреција што се слева од нос кон грло)

3. Кивање во салви (во континуитет од по 5-6 кивања едно по друго)

Овие три главни симптоми многу често се асоцирани и со:

4. Назален пруритус (чешање во нос, грло, меко непце, чувство дека нешто стои во грлото)

5. Конјунктивитис (солзење, црвенило, чешање на очите)

6. Намален осет за мирис.

7. Главоболка


Многу често овие симптоми се непрепознаени како алергиски и се третираат како вирози, настинки па дури и со антибиотска терапија која не дава  никаков ефект.


ПОСТАВУВАЊЕ  НА ДИЈАГНОЗА


1. Анамнеза (Разговор со пациентот и објаснување на симптомите)

2. ОРЛ  Преглед:

-Предна риноскопија:ливидна(бледа)  слузница,едематозна (отечена) во помала или поголема мера,присуство на прозирен,стаклест секрет што се слева кон грло.


-фиберназофарингоскопија:за да се евалуира и задниот дел на носот,евентуално слевање на секрет од остиумите на синусите или присуство на полипи во носот.


-орофарингоскопија:стаклест секрет што се слева по заден назофарингеален  sид,понекогаш придружено со зацрвенување(хиперемија) на непчаните лаци.


-отоскопски наод:варира од нормален до ретракција(вовлекување ) на мембраните  еднострано или обострано.


При зафаќање на очите(црвенило,чешање)треба да се консултира и офталмолог.


3. Алерготестови:


Тие можат да бидат :

-кожни(кутани) каде апликацијата на алергенот е преку интрадермален или перкутан пат(prick  test). Позитивен алерготест се манифестира со уртикарија непосредно по инјектирањето на алергенот.


-тестови преку крв

Прецизни се, лесни за изведување и безбедни. Меѓутоа не секогаш се ослонуваме на нив бидејќи и негативните алерготестови не ја исклучуваат можноста за алергии.Во природата има премногу алергени а во палетите за испитување има само 20-30 така да може и да на испитаникот не му е аплициран алергенот што му смета и затоа се добива негативен алерготест.Присусвото на клиничките симтоми  многу пати за лекарот се доволен индикатор за започнување на терапија.


ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА  ДИЈАГНОЗА

-Вирози

-Бактериски воспаленија на слузницата на носот


ТРЕТМАН

1.Медикаментозен третман

2.Имунолошки третман

3.Хируршки(Исклучително ретко)

4.Профилакса како дел од терапијата


Медикаментозен третман:

  • Орални Антихистаминици :Овие лекови се одамна познати во лекувањето на алергиските заболувања.Тие покажуваат кометитивен антагонизам кон H1 ефектите на хистаминот и го блокираат неговото дејство.Апсорпцијата преку дигестивниот тракт е брза  и терапискиот ефект настапува за околу 15-60мин.Нивната препорачана доза е еднаш на ден во ист временски интервал секој ден во континуитет од минимум 10 дена.Доколку имаат седативен ефект се употребуваат исклучиво навечер.Оние кој немаат седативен ефект можат да се земаат во било кој период од текот на денот но во исто време секој ден.

  • Интраназални кортикостероиди(ИНКС):тие делуваат  топично во слузницата на носот(анталергиски и антинфламаторно) и се безбедни за подолготрајна употреба за разлика од системската кортикотерапија.Најчести препорачани дози кај возрасни луѓе се две апликации во секоја ноздра наутро,на претходно направена тоалета со раствор од солена(морска) вода во континуитет од минимум еден месец.Максимално дозволени се два пати на ден по две апликации кај потешките случаи со тенденција на намалување на дозата.Детските дози се еднаш на ден по една апликација наутро.

Честопати двете групи на лекови успешно се кобинираат за постигнување на смирување на симптомите и целосна контрола на алергијата. Меѓутоа комбинацијата на лековите нивната употреба и прекинување треба да биде водена исклучиво од доктор специјалист оториноларинголог или пулмоалерголог.Да не се почнува или прекинува на своја рака без консултација со лекар.


-Локални  деконгестиви:треба да се употребуваат исклучиво по потреба,ограничено кратко време(5-7 дена).


2. Имунолошки  Третман: Познат е одамна уште од 1911г. (Noon I Freeman)

Оваа терапија може да биде:


-специфична  каде се користи методата на десензибилизација:администрација на алергени со прогресивно зголемување на дозите.

-неспецифична: со вакцини.


3. Хируршки Третман

Не се користи во директен третман на алергискиот ринит туку индиректно  во санација на последиците како на пр.


-хирургија на носните конхи(мукотомија) овозможува полесна носна спроводливост.

-полипектомија


4. Превенција(Профилакса)

Избегнувањето  на контактот со алергените кога тоа е можно  е исто дел од терапијата.


При што големо внимние се посветува во едукацијата на населението: (избегнување на пушење,чад од цигари особено кај деца и трудници што страдаат од алергии,подобрување на квалитетот на воздухот во домот, училиштата, работните места итн.)


ЗАКЛУЧОК

За  да можеме како општество  полесно да се справиме со овој здравствен и социјален проблем што е со тенденција на постојан раст потрeбно е :


  • Да се работи на информираност на населението
  • Навремена  дијагностика
  • Правилна примена на терапијата бидејќи лекувањето е обичноподолго.

Реализацијата на овие параметри овозможува убав квалитет на живот кај пациентите на обострано задоволсто и на пациентот и на лекарот!


 

Д-р. Маринела  Малинова

Специјалист  Оториноларинголог


<a href="https://pzudrmalinova.mk/en/2021/11/05/%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b8%d0%bf-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0/" title="Настинка, Грип или Алергија?" rel="bookmark" target="_blank">Настинка, Грип или Алергија?

Симптоми Настинка Грип Алергија Covid-19 Температура Ретко, до 38,5°c Често, помеѓу 38 i 39 °c, понекогаш и повеќе кај малите деца Не Често Главоболка Ретко Често Не Често Болки во мускули Нема или благи Често, јаки Не Понекогаш Умор,слабост Понекогаш Често И Трае 2-3 Недели Не Да Јака физичка исцрпеност Никогаш Често На Почетокот На… Continue reading Настинка, Грип или Алергија?
MORE INFO

<a href="https://pzudrmalinova.mk/en/2021/11/04/%d0%b0%d0%ba%d1%83%d1%82%d0%bd%d0%be-%d0%b2%d0%be%d1%81%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be-%d1%83%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%b0%d1%98-%d0%b4%d0%b5/" title="АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА" rel="bookmark" target="_blank">АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА

Кога се зборува за воспалено уво воглавно се мисли на акутно воспаление на средно уво. Акутно воспаление на средно уво е честа инфекција кај деца и доенчиња особено во зимскиот период.   Воспалението на увото ретко кога е изолирана болест. Најчесто се јавува во склоп на респираторните инфекции на носот и грлото,бидејќи воспалението од носот… Continue reading АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА
MORE INFO

<a href="https://pzudrmalinova.mk/en/2021/10/28/%d0%be%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0-2/" title="Otitis Externa (Пливачко уво)" rel="bookmark" target="_blank">Otitis Externa (Пливачко уво)

Во пресрет на летото, плажите и капењето во езерата и морињата Ви препорачувам пред да одите на одмор да го посетите Вашиот оториноларинголог.   Зошто? Затоа што најчестиот здравствен проблем кога ќе одиме на долго очекуваниот одмор е болка и затнатост  на едното или обете  уши  после капење.   Otitis Externa претставува воспаление на meatus… Continue reading Otitis Externa (Пливачко уво)
MORE INFO

<a href="https://pzudrmalinova.mk/en/2021/10/28/%d0%be%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0/" title="Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)" rel="bookmark" target="_blank">Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)

Алергиските   болести се најчестите хронични болести во Европа со тенденција на постојан раст поради што претставуваат важен здравствен и социјален проблем.Се смета дека во најскоро време секој трет човек ќе страда барем од една алергиска болест. Најчеста манифестација на алергиските болести е во облик на: -Алергиски Ринит(зафатеност на слузницата на носот и горните дишни патишта)… Continue reading Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)
MORE INFO

PZU D-r. Malinova © All rights reserved