Настинка, Грип или Алергија?

Симптоми Настинка Грип Алергија Covid-19
Температура Ретко, до 38,5°c Често, помеѓу 38 i 39 °c, понекогаш и повеќе кај малите деца Не Често
Главоболка Ретко Често Не Често
Болки во мускули Нема или благи Често, јаки Не Понекогаш
Умор,слабост Понекогаш Често И Трае 2-3 Недели Не Да
Јака физичка исцрпеност Никогаш Често На Почетокот На Болеста Не Често
Исцедок од носот Секогаш Понекогаш Секогаш Понекогаш
Кивање Често Понекогаш Да Понекогаш
Болка во грло Често Понекогаш Ретко Да
Кашлица Ако воопшто има кашлица таа е блага до умерена сува и надразнителна Кашлица има скоро секогаш може да биде јака и продуктивна Ретко Многу често
Терапија Се лекува со симптоматска терапија: лекови против болки(аналгетици) и за снижување на телесна температура(антипиретици), деконгестиви за слузницата во носот, лекови за ублажување на кашлица и искашлување Симптоматска терапија: аналгетици и антипиретици,деконгестиви,лекови за ублажување на кашлица и искашлување.

Инкс

Антихестаминик

Виростатици

Антибиотик

Супоративна терапија

Превенција Често миење раце,избегнување на места со многу луѓе Вакцина против грип во консултација со матичен лекар

Вакцинација

Избегнување на алергенот

Вакцинација

Носење маска

Одржување дистанца

Миење раце

Компликации Бактериско воспаление на грло,синуси или средно уво Бронхитис или пнеумонија Алергиски синузитис

Тромбемболија

Ниска сатурација

Интерферонска бура

Можен фатален исход


Често пати се случува да обични горнореспираторни вирози или попознати во народот како настинки се прогласуваат за грип. Додека пак инхалаторните алергии на полен, трева, прашина поради сличните симптоми на настинка се третираат само симптоматски без соодветна антиалергиска терапија.Или пак уште полошо да се започне со антибиотски третман кај алергии(што најчесто се прави на своја рака без консултација со лекар)и е тотално погрешно.


Настинка или грип?

Грипот е пратен со симптоми како што се: висока температура, треска, јака исцрпеност, лоша општа состојба и болки во мускули. Негов предизвикувач е специфичниот вирус на influenza. Секогаш дава потешка симптоматологија од настинката која е ограничена само на горни дишни патишта, грипот ги зафаќа и горните и долните дишни патишта и често се комлицира со бронхит.


Настинка или алергија?

Инхалационите алергии на полен, трева, прашина итн. даваат симптоми што се многу слични на настинка.Тоа се: затнат нос, бистра, водлеста секреција од нос, кивавица, чешање на слузницата на носот и очите,солзење.Но за разлика од настинките алергиите траат многу подолго и обично се сезонски но можат да бидат и целогодишни. Алергиите можат да се детектираат освен клинички и со посебни тестови и третманот е различен од третманот на настинките.


Симптоми Настинка Алергија
кашлица понекогаш понекогаш
Болки во мускули Ако има болки  тогаш се благи никогаш

Умор,

слабост

понекогаш понекогаш
Чешање во очите Ретко или никогаш често
кивање често често
Болка во грло често понекогаш
Исцедок од нос често често
Затнат нос често често
температура ретко никогаш
траење 3 до 14 дена Со недели, (понекогаш неколку месеци – во сезона на цветање)
Терапија Симптоматско лекување:аналгетици,антипиретици,деконгестиви,витамини лекови за ублажување на кашлица и искашлување Антихистаминци, интраназални кортикостероиди и деконгестиви
Превенција Миење раце,избегнување на масивни собири Избегнување на познати алергени
Компликации Бактериски воспаленија на грло,синуси и средно уво Воспаление на синуси и астма

 



 

Д-р. Маринела  Малинова

Специјалист  Оториноларинголог

Настинка, Грип или Алергија?

Симптоми Настинка Грип Алергија Covid-19 Температура Ретко, до 38,5°c Често, помеѓу 38 i 39 °c, понекогаш и повеќе кај малите деца Не Често Главоболка Ретко Често Не Често Болки во мускули Нема или благи Често, јаки Не Понекогаш Умор,слабост Понекогаш Често И Трае 2-3 Недели Не Да Јака физичка исцрпеност Никогаш Често На Почетокот На… Continue reading Настинка, Грип или Алергија?
ПОВЕЌЕ

АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА

Кога се зборува за воспалено уво воглавно се мисли на акутно воспаление на средно уво. Акутно воспаление на средно уво е честа инфекција кај деца и доенчиња особено во зимскиот период.   Воспалението на увото ретко кога е изолирана болест. Најчесто се јавува во склоп на респираторните инфекции на носот и грлото,бидејќи воспалението од носот… Continue reading АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА
ПОВЕЌЕ

Otitis Externa (Пливачко уво)

Во пресрет на летото, плажите и капењето во езерата и морињата Ви препорачувам пред да одите на одмор да го посетите Вашиот оториноларинголог.   Зошто? Затоа што најчестиот здравствен проблем кога ќе одиме на долго очекуваниот одмор е болка и затнатост  на едното или обете  уши  после капење.   Otitis Externa претставува воспаление на meatus… Continue reading Otitis Externa (Пливачко уво)
ПОВЕЌЕ

Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)

Алергиските   болести се најчестите хронични болести во Европа со тенденција на постојан раст поради што претставуваат важен здравствен и социјален проблем.Се смета дека во најскоро време секој трет човек ќе страда барем од една алергиска болест. Најчеста манифестација на алергиските болести е во облик на: -Алергиски Ринит(зафатеност на слузницата на носот и горните дишни патишта)… Continue reading Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)
ПОВЕЌЕ