Otitis Externa (Пливачко уво)

Во пресрет на летото, плажите и капењето во езерата и морињата Ви препорачувам пред да одите на одмор да го посетите Вашиот оториноларинголог.

 

Зошто? Затоа што најчестиот здравствен проблем кога ќе одиме на долго очекуваниот одмор е болка и затнатост  на едното или обете  уши  после капење.

 

Otitis Externa претставува воспаление на meatus acusticus externus односно надворешниот ушен канал и е пропратено со црвенило и оток на каналот. Најчесто Отитис екстерна е познат и како” пливачко уво”  бидејќи повторувачката експозиција на вода го прави каналот повулнерабилен на воспаление особено ако во каналот има чепчиња од ушна маст односно церумен којшто набабрува од водата и врши притисок врз кожата на каналот. Но пливачко уво може да се јави и ако нема церумен во каналите. Почесто е афектирано едното уво а поретко двете уши истовремено. Состојбата е релативно честа и  се јавува во просек кај еден од десет луѓе.

 

Симптоми:

– болка во уво (од лесна,умерена до силно интензивна)

– чувство на затнатост во увото

– намелен слух (привремено)

– исцедок на секрет од каналот

 

Вообичаено овие симптоми се смируваат со терапија за неколку дена до една недела но може да дојде до компликација и да перзистира проблемот и неколку недели. Најчесто кај пливачко уво станува збор за бактериска инфекција. Навлегувањето на водата во каналот и неможноста за брзата евакуација од каналот доведуваат до вообичаената потреба на чепкање со прст и во обид да си помогнеме ја оштетуваме кожата на каналот со ноктите а самата влага овозможува идеални предуслови за развој на бактериска инфекција.

 

Дијагноза:

Дијагнозата се поставуава со отоскопски преглед. Прегледот е безболен. По можност се зема брис од каналот пред да се почне со терапија.

 

Терапија:

Третманот вообичаено е локален со капки кои се укапуваат во каналот неколку пати на ден/5 до 7 дена.

Но може да вклучува и антибиотик пер ос, деконгестив во нос,аналгетик,препарати за намалување на оток и др.

 

Компликации:

  • Otitis media acuta (акутно воспаление на средно уво)
  • Tubotymanitis ac.(акутно воспаление на туба аудитива)
  • Otitis externa maligna(сериозно дури животозгрозувачко воспление што ги зафаќа и коските)

 

Превенција:

  1. Ако производството на ушна маст во каналот е поголемо од елиминацијата се препорачува да се направи испирање на уши во консултација со оториноларинголог,особено пред одење на одмор.
  2. Да не се носат често слушалки во каналот.
  3. Претпазливост при чистење на увото со памучни стапчиња.
  4. Луѓето што често пливаат да користат капи или специјални тампони за уши за да не влегува водата во каналот.

 

Да не се пикаат постојано прстите во ушите и да не се чепкаат ушите со несоодветни предмети (шноли,клучеви и сл.)

 


 

Д-р. Маринела  Малинова

Специјалист  Оториноларинголог

Настинка, Грип или Алергија?

Симптоми Настинка Грип Алергија Covid-19 Температура Ретко, до 38,5°c Често, помеѓу 38 i 39 °c, понекогаш и повеќе кај малите деца Не Често Главоболка Ретко Често Не Често Болки во мускули Нема или благи Често, јаки Не Понекогаш Умор,слабост Понекогаш Често И Трае 2-3 Недели Не Да Јака физичка исцрпеност Никогаш Често На Почетокот На… Continue reading Настинка, Грип или Алергија?
ПОВЕЌЕ

АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА

Кога се зборува за воспалено уво воглавно се мисли на акутно воспаление на средно уво. Акутно воспаление на средно уво е честа инфекција кај деца и доенчиња особено во зимскиот период.   Воспалението на увото ретко кога е изолирана болест. Најчесто се јавува во склоп на респираторните инфекции на носот и грлото,бидејќи воспалението од носот… Continue reading АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА
ПОВЕЌЕ

Otitis Externa (Пливачко уво)

Во пресрет на летото, плажите и капењето во езерата и морињата Ви препорачувам пред да одите на одмор да го посетите Вашиот оториноларинголог.   Зошто? Затоа што најчестиот здравствен проблем кога ќе одиме на долго очекуваниот одмор е болка и затнатост  на едното или обете  уши  после капење.   Otitis Externa претставува воспаление на meatus… Continue reading Otitis Externa (Пливачко уво)
ПОВЕЌЕ

Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)

Алергиските   болести се најчестите хронични болести во Европа со тенденција на постојан раст поради што претставуваат важен здравствен и социјален проблем.Се смета дека во најскоро време секој трет човек ќе страда барем од една алергиска болест. Најчеста манифестација на алергиските болести е во облик на: -Алергиски Ринит(зафатеност на слузницата на носот и горните дишни патишта)… Continue reading Rhinitis Allergica (Алергиски Ринитис)
ПОВЕЌЕ